Младите футсалци добија група во Гибралтар од претквалификациите за ЕП

Во просториите на Европсклата фудбалска унија во Нион, денес беа извлечени групите од претквалификациите за Европското првенство во футсал до 19 години. Македонија ќе биде дел од групата во Гибралтар, каде покрај домаќинот уште ќе играат и црногорските футсалци.

Претквалификации за У19 ЕП 2022:
Група А: Андора, Сан Марино, Естонија, Велс
Група Б: Гибралтар, Македонија, Црна Гора 

Ако ја минат оваа група, а само првопласираниот продолжува во квалификациите, Македонија ќе биде дел од групата 1 од квалификациите, каде уште се Италија, Турција и Холандија.

Натпреварите од квалификациите ќе се одиграат од 2 до 7 ноември 2021 година, а главната групна фаза од 15 до 20 март 2022 година.