Милош Симиќ во последната секунда ја одведе Србија во полуфиналето

Србија е првиот полуфиналист на Европското првенство во футсал во Белград, по победата над Украина со 2-1 (1-0).

Српската репрезентација поведе уште во 2. минута кога Младен Коциќ ја искористи големата грешка на украинската одбрана и ја доведе домашната репрезентација во водство.

„Орлите“ го имаа мечот под контрола, имаа и шанси за втор гол, но не ги реализираа. Затоа по една комбинација од прекин Микола Грицина во 24. минута израмни на 1-1.

Вистинска драма се случи во последната секунди од мечот. Симиќ „фати“ чудесен волеј и буквално со звукот на сирената погоди за победа од 2-1 и полуфинале. 

 

Србија во полуфинале

СРБИЈА ВО ПОЛУФИНАЛЕ !!!србија 2 - 1 украинафутсал

Posted by Gledy Network on понеделник, 8 февруари 2016

Противник на Србија во полуфиналето ќе биде поуспешниот од мечот Русија - Азербејџан, меч кој се игра утревечер во „Арена“.