Мицевски со гол и две асистенции во новата победа на Омонија

Македонскиот футсал интернационалец Адријан Мицевски продолжува со одличните игри на Кипар откако одново беше главна фигура во победата на Омонија на гоствуањето кај АЕЛ Лимасол од 4-2.

Нашиот репрезентативец на дуелот со АЕЛ во Лимасол најпрво асистираше при првите два погодоци за клубот од Никозија, а потоа и самиот се запиша во листата на стрелците, постигнувајќи го третиот гол. Токму поради овој натпревар Мицевски не можеше да одговори на повикот на нашиот селектор Божовиќ за двата контролни натпревари со Босна и Херцеговина.

Сезонава Мицевски за Омонија, која се наоѓа на лидерското место на табелата има постигнато 16 погодоци од кој 13 гола во лигата, и 3 погодоци во Купот на Кипар.