Мицевски и Левески ја одведоа нашата футсал селекција блиску до мундијалскиот сон

Македонската футсал репрезентација на мечот со Словачка во Бари

Футсал репрезентацијата на Македонија се израдува на значајна победа против Словачка во рамките на второто коло од квалификацискиот турнир во Бари за пласман на Светско првенство.

Момците на Васко Скендеровски во драматична завршница успеаа да слават победа од 2-1 над Словачка, со резултатски пресврт. Головите за нашата најдобра репрезентација ги постигнаа Мицевски во 31. и Левески во 32. минута. Единствениот гол за нашиот противник беше дело на Рафај во 22. минута.

Нашата репрезентација со оваа победа значително ги зголеми шансите за пласман во баражот за Светското првенство. Во последното коло Македонија силите ќе ги одмери со Молдавија, која го загуби првиот натпревар оде Словачка со 3-1. Дуелот против Молдавија е закажан за 13. ноември, недела со почеток од 15.30 часот.