• Зоран Мишевски

Од утре до недела во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ ќе се одржи традиционалниот „Турнир на медиуми“ во мал фудбал, каде медиумите повторно ќе играат фудбал, а организатор на овој турнир е Спортското радио 90,3.
На турнирот ќе учествуваат 12 екипи поделени во 4 групи. Во групата А се наѓаат Спортско радио 90,3, МИА и Нова Македонија. Во групата Б извлечени беа МПМ, МРТ 2 и РТВ Велес. Алфа ТВ, Македонско радио и Сител ја сочинуваат групата Ц, додека во последната група Д се Алсат М, МРТ 1 и ТВ Шења. Натпреварите започнуваат в четврток од 20 часот, продожуваат во петок од 19 часот, додека во сабота и в недела од 12 часот следат завршните натпревари.
Организаторот се погрижи да има многу ревијални натпревари кои ќе бидат интересни за гледачите. Тоа се средбите меѓу новинарките и пејачките, легендарни фудбалски имиња кои меѓусебе ќе одиграат натпревар, а свое место ќе добијат и млади фудбалери и членови на фудбалски школи од Општина Аеродром. Исто така ќе има и натпревари меѓу неколку училишни екипи и дуели на Град Скопје и Агенцијата за млади и спорт.