Македонското футсал дерби помеѓу Велес и Шкупи заврши без победник!

Дерби дуелот од 9. коло во Првата македонска футсал лига, помеѓу Велес и Шкупи заврши без победник со резултат од 3-3, со што и двете екипи и понатаму остануваат непоразени во новата сезона.

Завидно исполнетото гледалиште во салата „Гемиџии“ во Велес може да биде задоволно од прикажаната игра на двата тима кои прикажа доста возбудлив и до крај неизвесен дуел, исполнет со шест погодоци. Велес рано дојде до водство со голот на Ферид Агуши, а на 2-0 потоа зголеми Драган Петровиќ. Во продолжение гостите од Чаир намалија на 2-1, за да капитенот на велешани Зоран Левески погоди за 3-1. Во финишот Шкупи даде уште два гола, па така мечот заврши со нерешен резултат од 3-3.

Така и по ова коло на врвот од табелата останува Шкупи, кој воедно има натпревар повеќе во однос на второпласирениот Велес.