Македонските футсалци против Италија и Шведска во квалификациите за СП

Македонската футсал репрезентација ги дозна противниците за првата фаза од квалификациите за следното Светско првенство, кое што ќе се одигра во 2024 година. 

Нашата футсалци се најдоа во групата 10 и пред себе ќе ги имаат селекциите на Шведска и Италија. Натпреварите од оваа фаза ќе се играат во период од септември оваа година, до март 2023.

Победниците од сите 12 групи, како и најдобрите четири второпласирани селекции ќе патуваат во елитната фаза.

Светдкото првенство во футсал треба да се одигра во 2024 година, а засега сè уште не се знае кој ќе биде домаќин. Кандидатура испратија Мароко, САД, Мексико, Иран, Гватемала и Индија.