Македонските футсалци ќе одиграат два тест дуели со Црна Гора

Футсал репрезентацијата на Македонија закажа два пријателски натпревари со селекцијата на Црна Гора, а истите ќе се одиграат во СЦ „Борис Трајковски“. Селекторот на репрезентацијата, Васко Скендеровски го објави списокот на фудбалери за двата тест натпревари. 

  • Список на фудбалери на Македонија: 

Голмани: Антонио Петровски (СК Проект Цико), Влатко Петровски *СК Проект Цико), Иван Стојановски (Шкупи);

Одбрана: Реџеп Сулејман (Шкупи), Таулант Исмаили (ФК Ликени, Косово), Ферид Агуши (Шкупи), Драган Петровиќ (Шкупи), Берат Рамадани (Арбен Бајрами);

Напад: Иван Крстевски (СК Проект Цико), Алекандар Глигоров (Железарец), Игор Леовски (СК Славија Прага, Чешка), Мартин Мехмединовиќ (СК Прокет Цико), Дарко Ранготов (СК Проект Цико), Мартин Тодоровски (СК Проект Цико), Еркан Сефери (Шкупи), Јакуп Рамадани (ФК Ликени, Косово), Адријан Мицевски (Штутгартер 2020, Германија);

Покрај списокот, предводникот на футсалците го изнесе и своето мислење и очекувања во пресрет на натпреварите. 

„Очекуваме интересен натпревар против Црна Гора. Повикавме претежно играчи од домашниот шампионат и ова се натпревари на кои шанса ќе добијат сите повикани за да го согледаме реалниот потенцијал со кој располагаме. Резултатот е важен пред сѐ заради подигнување на самодовербата пред претстојните квалификации за Светското првенство. 

Добрите резултати од минатиот квалификациски циклус ни овозможија да бидеме еден барабан погоре во ждребот и ги избегнуваме предквалификациите. Имаме доволно време за подготовка, а за следните натпревари се надевам дека ќе бидеме комплетни со Даниел Де Соуса, Џокица Арсовски и Седат Зибери“, смета Скендаровски. 

Првата средба со Црна Гора е закажана за утре со почеток од 19:00 часот, додека втората ќе се одигра на 16 декември во 17:30 часот.