Македонскиот футсал шампионат 25-ти во Европа, новата сезона почнува во ноември

Пред почетокот на новата сезона на евро-куповите во футсал, Европската фудбалска федерација го објави клупскиот рејтинг, по кој ќе ги рангира клубовите учесници во УЕФА Купот пред прелиминарната фаза.

Шампионот на Македонија се наоѓа на 25. позиција во Европа според рејтинг-коефициент и со тоа нема да биде носител во првото коло. Ждрепката е предвидена да се одржи на 27 октомври 2020 година во 13:30 часот во просториите на УЕФА во Нион.

Првото коло ќе се игра од 24 до 29 ноември, второто од 12 до 17 јануари 2021 година, а завршните натпревари ќе се играат напролет. Европскиот првак ќе биде познат на завршен турнир во мај следната година.

Македонија во сезоната 2019/20 во Европа ја претставуваше Шкупи. 

  • Рејтинг-листа на УЕФА на националните шампионати во футсал: