Македонскиот футсал шампион директно во главната фаза на ЛШ

Добри вести за македонскиот футсал доаѓаат од седиштето на Европската фудбалска унија (УЕФА) во Нион.

Македонскиот првак во футсал, Шкупи, ќе ја стартува новата сезона во Лигата на шампиони од главната фаза и како домаќин ќе ги дочека квалификациите закажани за октомври годинава.  ж

Во конкуренција на 56 екипи од 52 европски земји, Шкупи е рангиран на 21 место, што му донесе привилегија да ја прескокне прелиминарната фаза. Ждрепката за составот на групите е закажана за седми јули во седиштето на УЕФА во Нион.

Новата сезона во Лигата на шампиони ќе стартува со натпреварите во квалификациските групи од прелиминарната фаза на крајот на август, додека главната фаза ќе се игра од 25 до 30 октомври.