Македонскиот Бразилец Де Соуза ново засилување на Форца

Даниел Маринхо де Соуза од Бразил е најновото засилување на македонскиот првак Форца. Де Соуза доаѓа како засилување од Мостар од Босна и Херцеговина, и поссдува големо искуство во европскиот футсал.

Во својата кариера Бразилецот беше дел од Славија Прага, Економац, Лозница Мостар, Железарец и многу други познати клубови, како и редовни учесници во Лигата на шампионите.

Даниел Маринхо де Соуза е вториот странски играч во македонскиот клуб, по Кристијан Берио од Колумбија, кој претходно беше претставен во Форца. Инаку, Де Соуза има и македонско државјанство и настапува за нашата футсал селекција.

Форца кон крајот на август ќе биде домаќин на квалификацискиот турнир во Лигата на шампионите, а ривали ѝ се Титоград од Црна Гора, Даблин од Ирска и Ренџерс од Малта.