Македонската футсал селекција поразена во вториот контролен меч со Хрватска

Футсал селекцијата на Македонија во вториот контролен дуел во Велес во спортската сала „Гемиџии“ претрпе пораз од Хрватска, која денес славеше со резултат од 0-3 (0-1).

„Коцкестите“ денес беа подобри од нашата селекција и сосема заслужено стигнаа до победата, иако бројни шанси, како и погодена стативаа имаа и нашите репрезентативци.

За потсетување, во првиот дуел одигран во петокот, Македонија ремизираше со резултат 2-2, но имаше и зошто да жали, поради тоа што прими гол на 20 секунди до крајот .