• Мартин Танасковски
Футсал репрезентацијата на Македонија до 19 години претрпе пораз во претквалификациите за Европското првенство (ЕП) откако во СЦ „Јане Сандански“ загуби од Косово (3-6) и така ги заврши настапите во групата.
Нашиот национален тим имаше предност од два гола, но не успеа да ја исконтролира и задржи во второто полувреме. Првиот дел беше одличен за Македонија затоа што водеше со 2-0, благодарение на головите на Јусуф и на Скепаровски кој не погоди пенал, па реализира.
Главни играчи на Косовците во второто полувреме беа Кабаши и Красниќи кои дадоа по два гола. Единствениот гол за Македонија го даде Јанев, но точка на мечот ставија Абдулаху и Бајрактари.
Ова беше вториот меч за Македонија У19 на футсал-турнирот, по стартното реми со Германија (3-3). Косово поради реми со Германија и победа со Македонија патува во следна фаза, Германија е втора со два бода, додека Македонија заврши трета со еден бод.