• Сашо Поповски
По двата порази, од Казахстан (3-0) и Чешка (7-3), футсал репрезентацијата на Македонија ја победи Данска со 4-3 и ја освои третата позиција на табелата на квалификацискиот турнир за ЕП.
Репрезентативците не го започнаа мечот добро и примија гол по само четири минути. Фалк погоди за Данска, на што македонската репрезентација возврати во 13. минута со голот на Сефери. До крајот на полувремето беа постигнати уште два гола, по еден во секоја мрежа.
Најпрво Сефери со вториот погодок донесе пресврт за Македонија, за пред паузата Менгел да изедначи на 2-2, што беше и резултатот по првите 20 минути. Избраниците на Божовиќ подобра започнаа во продолжението и повторно поведоа со голот на Мицевски.
Конечната победа за нашата репрезентација ја донесе Петровиќ, кој ги постави крајните 4-3 на четири минути до крајот. Со овој триумф, Македонија заврши на третото место на табелата, но шансите за пласман на ЕП се минимални и скоро загубени.
Во вториот натпревар од нашата група, Казахстан и Чешка ќе одиграат директен дуел за првото место со почеток од 15.30 часот.