Македонија со Бразилецот Де Соуза и Левески во борба за СП во футсал

Селекторот на футсал-репрезентацијата на Македонија, Васко Скендеровски, го објави списокот на играчи на кои ќе смета на стартот на квалификациите за Светското првенство (СП) во 2024 година кои ќе тргнат во месец октомври.

Македонија се наоѓа во групата 10 заедно со селекциите на Италија и Шведска. Скендеровски ги објави имињата, има и неколку искусни повратници како што е Зоран Левески, како и пет интернационалци. Има и еден натурализиран футсалец, тоа е Бразилецот Даниел Марињо Де Соуза.

Голмани: 
Иван Стојановски (Арбен Бајрами), Антонио Петровски (Проект)

Футсалци: 
Зоран Левески (Шкупи), Таулант Исмаили (Арбен Бајрами), Иван Крстевски (Врање, Србија), Цека Исмет (Шкупи), Игор Леовски (Мимел Луценец, Словачка), Дарко Ранготов (Проект), Драган Петровиќ (Врање, Србија), Јакуп Рамадани (Лигени), Даниел Марињо Де Соуза (Лозница, Србија), Џокица Арсовски (Хохенштајн Ернштал, Германија), Еркан Сефери (Шкупи)

Првиот натпревар Македонија го игра против Шведска на седми октомври во Алингсас со почеток во 17:00 часот. Пет дена подоцна во Скопје ја пречекува футсал селекцијата на Италија. Натпреварот Македонија-Италија ќе се одигра во спортскиот центар „Јане Сандаски" со почеток во 19:00 часот.