Македонија ремизира на првиот тест против Црна Гора

Првиот пријателски натпревар меѓу футсал репрезентациите на Македонија и Црна Гора заврши без победник (2-2).

Селекторот Васко Скендеровски на оваа средба им даде шанса на голем број играчи од домашното првенство. Тој сака да добие поширока слика за потенцијалот на репрезентацијата, во пресрет на натпреварите од квалификациите за Светското првенство.

Што се однесува до резултатот, Црногорците прво поведоа преку Вулетиќ во 13. минута, додека Македонија изедначи преку Крстевски во 27. минута. Целосен пресврт настана во 32. минута кога Мицевски реализира од пенал, а конечните 2-2 ги постави Делиќ во 33. минута од натпреварот во Скопје.

Вториот дуел меѓу овие две екипи е закажан за утре со почеток од 17:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.