Македонија преку Молдавија до футсал историја

Футсал репрезентацијата на Македонија, денес го игра можеби најважниот напревар од своето формирање. Излегува на мегдан со репрезентацијата на Молдавија, во натпревар кој е решавачки за наш пласман во баражот на Светското првенство во Колумбија.

Доколку денес ја совладаме селекцијата на Молдавија, победата ќе значи останување во трка за второто место од табелата, кое води во бараж за наше учество во Колумбија.

Во пресрет на овој дуел, Македонија има три бода, исто колку и селекцијата на Словачка, и со евентуална победа ќе има шест. Потоа останува да го чекаме исходот од натпреварот, во кој се среќаваат домаќинот на турнирот Италија и Словачка, каде Италијанците се големи фаворити и со нивна победа или нерешен резултат над словаците, Македонија ќе биде сигурно втора во оваа квалификациска група.

Натпреварот против Молдавија, Македонија го игра денес од 15.30 часот во Бари.