ВИДЕО: Македонија поразена од Португалија, Рамадани единствен стрелец

Португалија

Македонската футсал репрезентација загуби на пријателската средба против Португалија (3-1).

Ова беше натпревар од подготовките на португалската селекција, која ќе настапи на Европското првенство кое ќе се одржи Амстердам и Гронинген (19 јануари - 6 февруари).

Јакуп Рамадани беше стрелец на единствениот погодок за Македонија, која на пауза избори нерешен резултат. Потоа фаворитот со два гола во продолжението ја покажа разликата во квалитет. Нашиот национален тим го започна мечот со Антонио Петровски; Иван Крстевси, Јакуп Рамадани, Драган Петровиќ (капитен) и Ѓокица Арсовски.

Со оглед на тоа што Португалија е светски првак, немаше многу дилеми околу победникот. Вечерва двете селекции ќе одиграат уште еден контролен натпревар.