Македонија остана 46-та футсал сила во Европа

Македонската футсал репрезентација остана на 46-то место на последната ранг листа на Европската фудбалска унија.

Македонија падна за три места во декември и сега е во друштво на Ангола, Виетнам, Киргистан, Кувајт и Либија.

На последните два меча нашиот национален тим запиша една победа и пораз. Во претквалификациите за Европското првенство најпрво беше надигран Велс, а потоа беше запишан негативен резултат на дуелот со Норвешка.

Врвот и понатаму го држи Бразил пред Шпанија и Аргентина. Место во ТOП 10 има уште за Русија, Португалија, Иран, Казахстан, Италија, Парагвај и Хрватска.