ВИДЕО: Македонија може да се носи и со најсилните – Еве ги сите голови на нашите футсалци!

Синоќа заврши футсал турнирот „Скопје 2016“ во кој покрај нашата најдобра селекција учествуваа и Португалија и Боса и Херцеговина. 

Нашите футсал репрезентативци иако не остварија победа оставија одличен впечаток на овој турнир, играјќи идентични 2-2 против двете селекции. Избраниците на Божовиќ и на двата дуели започнаа доста мотивирано имаа почетна иницијатива, која беше крунисана со водства, но физичката подготвеност како и искуството на противниците беше пресудно за двете ремија. 

МАКЕДОНИЈА - БиХ 2-2 (1-1)

МАКЕДОНИЈА - ПОРТУГАЛИЈА 2-2 (1-0)

Победник на „Скопје 2016“ е селекцијата на Португалија, која забележа една победа и едно реми, а на второто место е нашата земја, со две нерешени исходи, додека со пораз и реми на третата позиција се пласира БиХ.