Македонија домаќин на футсал-турнир во квалификациите за ЕП за играчи до 19 години

Македонија ќе биде домаќин на футсал-турнир во квалификациите за Европското првенство (ЕП), за футсалци до 19 години.

Нашиот национален тим на ждрепката се најде во групата 4. Беше влечен од последниот шешир, а за ривали ги доби селекциите на Украина, Романија и Белгија.

Натпреварите од квалификациите за ЕП во футсал за футсалци до 19 години ќе се играат од 26 до 31 март, 2019 година.