ВИДЕО; „Магијата“ на футсал ѕвездата Рикардињо се сели во Загреб?

Навивачите на футсал тимот Национал од Загреб за претстојните празници би можеле да го добијат нивниот најголем подарок, доколку се реализира големиот трансфер на Португалецот Рикардињо.

Некои од медиумите веќе ја пренесоа информацијата дека најдобриот фудбалер во светот веќе доаѓа во Загреб. Но, од раководството на хрватскиот клуб изјавија дека сè уште нема реализација на трансферот, но дека следната недела ќе заминат на преговори во Мадрид, по кои ќе се знае колку е реално доаѓањето на Рикардињо.

31-годишниот Рикардињо од 2013 година е член на шпанскиот Интер Мувистар, а претходно играше за Бенфика, Нагоја и ЦСКА Москва. За репрезентацијата на Португалија, а настапува од 2003 година и запиша 142 настапи, на кои постигна 122 гола.