Лошото време го одложи стартот на футсал шампионатот во Македонија

Футсал првенството во Македонија ќе тргне подоцна од предвиденото поради лошите временски услови кои владеат во нашата земја.

Пролетниот дел од првенството требаше да почне за три дена, меѓутоа, Комисијата за футсал во нашата земја одлучи стартот да биде пролонгиран за седум дена, односно за 26 јануари. 

Лидер во првата футсал лига по есенскиот дел е КМФ Велес со 31 бод, пред Шкупи кој има 28 бода, но и натпревар помалку.