• Мартин Танасковски
Зоран Левески, капитенот на футсал-репрезентацијата на Македонија е задоволен од одиграните натпревари на нашата земја на пријателскиот турнир „Скопје 2016“.
Во првиот дуел црвено-жолтите несреќно ремизираа со БиХ (2-2), додека во вториот, против седмата светска сила Португалија ја контролираа играта цел меч, но во финишот попуштија и одиграа нерешено (2-2).
„Најважно е што имаме добра игра пред квалификациите. Покажавме дека Македонија може да игра футсал, па дури и со една Португалија. Сепак, мора да се земе предвид дека ова е приајтелски турнир за предизвиците во квалификациите кои ќе следат во април. Најважно од се е што покажавме дека може да играме со екипи од прв и втор шешир. Тоа е она за кое го организиравме турнриот, да се воигруваме и да тестираме до каде сме. Здравје, во април може ќе не посака среќата и ќе ги освоиме посакуваните шест бода. Што се однесува до нашата игра, моравме да имаме пад против Португалија. Тие се квалитетен тим, имаат 8-9 екстра-футсалци, играат брзо, со промени во играта и брзи движења. Едноставно, неминовно е да имаш пад против такви селекции“, вели Левески.
Македонија во квалификациите за ЕП 2018 се наоѓа во групата 6, заедно со Казахстан, Чешка и еден претквалификант кој дополнително ќе биде утврден.