Лесна ждрепка за Железарец: Во осминафиналето од Купот ќе игра против Кратово

ФФМ ги одреди двојките од осминафиналето од Купот на Македонија во футсал. Најголемиот фаворит за освојувањето на овој трофеј, тимот на Железарец за понатамошен пласман ќе се бори против второлигашот Кратово.

Во останатите дуели се среќаваат Хедис против Саса, Форца ќе гостува кај тимот на Скопје, Ројал Илирет ќе игра против СЕЕ Университи, Шкупи на свој терен ќе игра против Цико, Црна Река на гостински терен ќе игра против Биџо, Јувентус Серава ќе биде домаќин на Мал Ајакс и тимот на Велес ќе игра со Овче Поле.