Лекиќ: Шкупи го има најдоброто од мак-футсалот, не криеме дека сме фаворити

Минатата година македонскиот футсал шампион КМФ Велес не се квалификува во групната фаза на Лигата на шампионите и покрај тоа што беше организатор на групата во Скопје. Година најдобриот тим минатата сезона, скопски Шкупи е домаќин на групата Б од квалификациите и голем фаворит против Локомотив Даугавпилс (Летонија), Кардиф (Велс) и Енкамп (Андора).

Пред новинарите зборуваше тренерот Зоран Лекиќ, кој истакна дека екипата е целосно подготвена за предизвикот. 

„Се засиливме, денес го имаме најдоброто во Македонија од играчкиот кадар. Не кријам дека Шкупи е фаворит за првото место во групата. Пласман во следната фаза за овој клуб би бил историски успех. Ќе одиграме најдобро што можеме и нема да ги потцениме ривалите“, рече Лекиќ.

28 август
17:30 - Локомотив Даугавпилс – Енкамп
20:00 – Шкупи – Кардиф

29 август
17:30 – Кардиф -  Локомотив Даугавпилс
20:00 – Шкупи – Енкамп

30 август
17:30 – Кардиф – Енкамп
20:00 – Шкупи -  Локомотив Даугавпилс