Лекција за Хале Гопик и „железарците“ се меѓу 5. и 8. место во Европа

Футсал-Железарец

Македонкиот футсал шампион, Железарец со убедлива победа против екипата на Хале Гоик од Белгија со 4-0, со стил ја заврши сезоната во УЕФА Еврокупот во футсал. Железарец одлично го започна натпреварот и поведе со голот на Крстевски во 7. минута, а на 2:0 зголеми Глигоров во 14. минута. Исмаили го постигна и третиот гол во 27. минута. Одличната игра на нашиот тим му донесе и уште еден гол во 31. минута. кога Крстевски го постигна и вториот гол на оваа средба за водство од 4:0. Во последните минути од натпреварот и двете екипи имаа уште по неколку шанси , но со фанатична борбеност на нашите играчи Железарец го задржа ова водство.

Со оваа победа и шест освоените бода во групата Б, нашата екипа го освои второто место и се наоѓа меѓу петтотто и осмото место според постигнатите резултати во елитната рунда.