Легендарниот Рикардињо стави крај на репрезентативната кариера

Легендарниот португалски футсал репрезентативец Рикардо Фелипе Да Силва Брага или попознат како Рикардињо повеќе нема да настапува во националниот дрес. 

На 36-годишна возраст, Рикардињо реши дека е време да стави крај на репрезентативната кариера. Оваа информација Португалецот ја соопшти за домашните медиуми. 

„Денес објавувам крај на репрезенативната кариера. Беше неверојатно и незаборавно патување, ова е најтешката одлука во мојата кариера“, изјави Рикардињо. 

Оваа година, Рикардињо ја предводеше Португалија до светскиот трон, за првпат во историјата. За репрезентацијата, футсал виртуозот одигра 187 натпревари, а постигна 141 погодок. Претходно со Португалија тој го освои и Европското првенство, а дури шест пати беше прогласуван за најдобар играч низ годините. 

Во својата клупска кариера настапуваше за Бенфика, Нагоја и ЦСКА Москва, а сега ги брани боите на АЦС од Франција.