• Мартин Танасковски

Футсалците на Кратово од наредната сезона ќе играат во првата лига затоа што го освоија првото место во второлигашката конкуренција.
Кратовчани имаат 66 бода на две кола до крајот и се наоѓаат на недостижни +8 во однос на второпласираниот Астибо. Во рамки на последното одиграно коло, Кратово со 7-6 славеше над Црна Река и официјално го завери прволигашкиот пласман.
Покрај што се пласираа во Првата лига, футсалците на Кратово ќе добијат и одличја затоа што беа најдобри во својата лига.