Крај за футсалот, младинскиот и женскиот фудбал во Македонија

Фудбалот во Македонија се враќа, но само за прволигашите, затоа што ВМФЛ, Третата лига и останатите конкуренции нема да продолжат.

Управниот одбор на состанокот им даде место на Пелистер и Беласица во ПМФЛ, а најдобрите третолигаши во првиот слободен термин ќе играат бараж-натпревари за да ги пополнат двете слободни места во ВМФЛ - Исток и Запад.

За останатите натпреварувања, Управен одбор донесе одлука да го сопре младинскиот фудбал за сезоната 2019/20, а исто така тука е и женскиот фудбалски шампионат и Купот кои нема да го дочекаат крајот.

Исто така прекинати се и футсал-натпреварувањата за кои е оценето дека не постојат услови да се доиграат.