Косово избрка тројца репрезентативци од тимот поради – цигари!

Футсал репрезентацијата на Косово не успеа да ја мине претквалификациската фаза во циклусот за Европското првенство (ЕП) кое се игра во 2022 година во Грузија, а кај челниците постоеше големо разочарување.

Покрај тимските достигнувања, се направи анализа и на индивидуалци, откако се забележа дека се пушат цигари. Од Федерацијата истакнаа дека секој мора да биде одговорен на и надвор од теренот, па затоа нема исклучоци.

Поради недолично однесување, отстранети од репрезентацијата се Осо Ѓиновци, Бајрам Рамадани и Дардан Топиља. Со оваа одлука се очекува другите играчи да бидат повеќе посветени на националниот тим и да ги почитуваат правилата.

Косово испадна во група со Грузија и Германија, а единствено ја победи Австрија.