Косово е последниот противник на нашата футсал селекција во квалификациите за ЕП?

Футсал селекцијата на Косово најверојатно ќе биде последниот противник на Македонија во групата за претстојните квалификации за Европското првенство, квалификации кои се одржат од 2 до 13 април. 

Деновиве Косово извојува две победи во првиот квалификациски филтер и со тоа како прва во оваа група веројатно ќе обезбеди настап во елитните квалификации. Сепак постои можност Косово да не биде дел од нашата група, ако денес загуби од Данска со три разлика, а Кипар извојува победа. Наши сигурни противници во групата ќе бидат и Чешка и домаќинот на овој турнир, Казахстан. 

Македонија и Косово минатата година одиграа две контролни средби, во кои нашите футсалци извојуваа убедливи победи од 5-2 односно 6-2.