ВИДЕО: Конечно „ТАНГО СО БУБАМАРАТА“ - Аргентина е светски првак во футсал

Аргентина првпат во својата историја е светски првак во футсал, откако вечерва во Колумбија во финалето на Мундијалот ја совлада фаворизираната Русија со 4-5 (1-2). 

Во незаборавно финале „гаучосите“ одиграа спектакуларно во завршницата на двете полувремиња и забележаа значајна победа. Едер Лима во 16. минута ги доведе Русите во водство, но половина минута подоцна возврати Вапораки. Целосен пресврт направи Куцолино во 20. минута.

Во продолжението Лима веднаш израмни, но Аргентина го врати водството со голот на Бранди во 42. минута (2-4). Една минута подоцна со својот втор гол Бранди го најавија аргентинското танго до титулата. Во последните две минути кога двете селекции ризикуваа, најнапред Вапораки погоди за 2-5, а потоа во последните 90 секунди Русите постигнаа два гола преку Лисков и Едер Лима и го ублажија поразот (4-5).

Бронзениот медал го освои Иран, кој по изведувањето на пенали ја победи Португалија со 4-3, откако мечот во регуларниот тек заврши 2-2.

Рикардињо од Португалија е прогласен за најдобар фудбалер на Мундијалот и ја освои „Златната топка“. „Сребрената“ е за Аргентинецот Сармиенто, а неговиот сонародниот Вилхелм ја доби „Бронзената топка“.