• Мартин Танасковски
Екипата на Форца со три победи на три натпревари ја мина првата фаза од групите во Лигата на шампионите и се пласира во следната рунда, а голот на циклусот го има Колумбиецот Кристијан Берио Хојос.
На натпреварот против Титоград од Црна Гора, играчот на македонскиот првак изведе магичен потег. Ја префрли топката преку противничкиот голман, па успеа да ја смести во мрежата за висока предност на македонскиот шампион.
Голот на Колумбиецот донесе овации во СЦ „Јане Сандански“ каде се играше претквалификацискиот турнир.