• Мартин Танасковски
Македонскиот футсал шампион КМФ Велес ќе дебитира во елитното европско натпреварување, Лигата на шампионите во футсал.
На ждрепката беше сместен во првиот шешир и доби ривали од групата Е. Македонскиот прбак се најде во друштво на Космос Талин од Естонија, Футсамба нас од Ирска, како и Валета од Малта. Првата фаза ќе се одржи во периодот од 28 август до 2 септември, со седум групи од четири, а две по три екипи.
Во ланското издание на УЕФА Лигата на шампионите во футсал, Македонија ја претставуваше Шкупи, кој во друштво на Луксол Сент Андрјус (Малта), Макаби (Израел) и Диамантс Линц (Австрија) не успеа да ја мине првата фаза, иако забележа две победи.