КМФ Велес со „шестка“ за првакот на Косово во првиот пријателски меч

Македонскиот футсал-тим КМФ Велес забележа убедлива победа над косовскиот првак Феникс во првиот од двата пријателски меча кои се закажани во Скопје.

Велес го доби дуелот со убедливи 6-0, а најдобар играч на теренот беше Мартин Тодоровски со хет-трик. По еден гол во мрежата на противникот постигнаа уште капитенот Зоран Левески, Трајче Трајков и Ферид Агуши.

Вториот пријателски меч Велес и Феникс ќе го играат утре (вторник) од 18.00 часот.