КМФ Велес по вторпат подобар од косовски Феникс, денес минимален триумф

Македонскиот футсал прволигаш, составот на  Велес денес по вторпат во рок од два дена, во пријателски натпревар го совлада шампионот на Косово, тимот на Феникс со резултат од 1-0.

За разлика од дуелот вчера кога Велес славеше со убедлив резултат од 6-0, денес победата беше изразена само со еден гол кој го постигна Драган Петровиќ од пенал. Вредно за издвојување е името на голманот Антонио Петровски кој имаше одличен меч на голот на Велес.

Составот на Велес веќе в сабота ги продолжува настапите од Првата футсал лига на Македонија, каде што до сега нема ниту еден пораз, а за противик го има тимот на Шкупи.