КМФ Велес му го нанесе првиот пораз на футсал-лидерот Шкупи

Лидерот Шкупи го претрпе првиот пораз во шампионатот на Македонија во футсал, откако на гостувањето во Велес загуби од домашниот КМФ Велес со 5-2. Домашната екипа доминираше од самиот старт и лесно прокнижи значајни три бода. 

Победи извојуваа и Јувентус Серава против Астибо со 8-3, Црна река против Железарец со 9-5 и Кратово кој ги надиграа Гемиџии со 5-1.

Домашниот терен го искористи СК Проект Цицо и извојува победа против Шкендија 3-0.
На табелата и натаму води Шкупи со 27 поени, два повеќе од Велес кој опасно се заканува.