КМФ Велес ќе се подготвува за ЛШ во Врање

Македонскиот првак во футсал КМФ Велес е во исчекување на настапот во Лигата на шампионите, а формата ќе ја темпира на пријателски натпревар во Врање.

Велешани в сабота (25 август) ќе одиграат контролна средба против екипата на Врање, на која главен акцент ќе се стави на воигрувањето на тимот. Во ростерот задржани се старите играчи, има и неколку нови имиња и против Врање ќе имаат за задача да покажат што можат.

КМФ Велес прелиминарната рунда во Лигата на шампионите ја стартува на 29 август во СЦ „Јане Сандански“. Првиот натпревар македонскиот тим го игра против шампионот на Ирска, Футсамба Нас.