• Зоран Мишевски

Минатиот викенд се одиграа натпреварите од 17. коло во Првата футсал лига. Екипaта нa КМФ Велес на домашен терен во салата ,,Гемиџии“ во Велес со убедливи 14-3 го победи Железарец од Скопје.
Разликата во квалитет на двете екипи беше огромна и само прашање беше со колку голови разлика ќе заврши дуелот. Лидер и натаму останува Шкупи, но скопјани имаат натпревар повеќе.
Сепак, во следното коло Шкупи е слободен и со победа КМФ Велес ќе се врати на лидерската позиција.