КМФ Проект се раздели со тројца футсалци

Македонскиот прволигаш во футсал КМФ Проект ги објави првите заминувања од клубот и се раздели со тројца играчи.

Денешниот ден беше последен за имиња во клубот кои ги бранеа боите на колективот во изминатите неколку сезони. Димче Андонов, Драган Петровиќ и Иван Крстевски се играчите кои се разделија со вицепрвакот.

Клубот им се заблагодари за посветеноста и професионализмот и им посака многу среќа и успеси во иднина.