КМФ Проект го освои футсал турнирот „Скопје 2021“

Футсалците на КМФ Проект попладнево во Скопје триумфираа на меѓународниот турнир „Скопје 2021“. На завршницата од турнирот, во финалниот натпревар, шампионот на Македонија триумфираше против домашниот Железарец со резултат 6-4 и ја одбрани минатогодишната титула.

За најдобар играч на турнирот беше избран Димче Андов од КМФ Проект, додека титулата најдобар стрелец на турнирот му припадна на младиот Димитар Јанев, од оваа сезона член на првакот КМФ Проект.

Ова е одлична увертира за новата сезона, во која се очекува, покрај овие две екипи, за титулата да се бори и претпоследниот шампион на Македонија, Шкупи.