• Горан Упале
Скоро една година, Роналдињо, Сколс, Гигс и уште многу некогашни фудбалски великани, се дел од индиската футсал лига, а токму тие често знаат да ги остават во неверица фановите на футсалот во оваа земја.
Ако пред неколку дена Роналдињо изведе своја нова мајсторија, синоќа поранешниот член на Манчестер Јунајтед, Рајан Гигс, ја крена публиката на нозе со перфектниот војел удар, кој како „куршум“ заврши во мрежата на противникот.
Гигс настапува за тимот на Мумбаи, кој на овој меч извојува победа од 5-3 и е на добар пат да ја одбрани титулата во овој шампионат.