• Зоран Мишевски
Македонскиот футсал прволигаш КМФ Кеги Моби објави дека уште еден млад фудбалер ќе ги брани боите на клубот.
Станува збор за Александар Буковски кој пред само неколку дена наполни 21 година, млад талентиран играч кој годинава покрај големиот фудбал одлучи и да биде дел од Првата македонска футсал лига и да ги брани боите на КМФ Кеги Моби.
„Сам ќе покаже во престојната сезона дека ќе се пишува доста за него и наша надеж е дека бројките ќе зборуваат за него. Младиот Буковски ќе биде дел од нашата Кеги Фамилија во текот на цела оваа сезона“, изјавија од клубот.
Футсал сезоната започнува на 5 октомври, а екипата на КМФ Геги Моби сезоната ќе ја отвори со гостување во Крива Паланка, кај екипата на КМФ Осогово.