• Зоран Мишевски

Футсал прволигашот КМФ Кеги Моби почна да ги промовира новите засилувања за пролетниот дел.
Анѓелче Гаштев е првото и старо ново засилување за КМФ Кеги Моби, кој после две години се враќа во клубот и со многу поголемо искуство ќе се потпре екипата на него како еден од столбовитен на тимот.
Од клубот најавија дека деновиве ќе промовираат уште некое засилување со што ќе се стабилизира клубот во борбата за опстанок во Првата футсал лига на Македонија. КМФ Кеги Моби по првиот дел се наоѓа на осмата позиција со осум освоени бода.