Казахстан спремен за Ф4 на ЛШ во футсал, титулата ја брани шпански Интер

Две шпански, една португалска и една екипа од Казахстан ќе се натпреваруваат на завршниот турнир на Лигата на шампионите во футсал, чиј домаќин ќе биде „Алмати Арена“ во Казахстан.

Титулата ја брани Интер Мувистар, кој со Рикардињо во тимот, минатата сезона го победи Спортинг во мечот за титулата.

  • Полуфинале (петок 26 април):

Спортинг – Интер
Барселона – Каират

Финалниот натпревар е планиран за в недела попладне од 17:30 часот по средноевропско време.