• Александар Ковачев

Во првиот четвртфинален натпревар на Европското првенство во футсал, репрезентацијата на Казахстан ја совлада Србија со 3-1 и обезбеди место меѓу најдобрите четири селекции во Европа.
Србите имаа голем број на шанси, но имаа и неколку грешки кои репрезентативците на Казахстан целосно ги искористија. Казахстан поведе по шест минути игра со голот на Жамапулов, а Тајнан ,по грешката на Коциќ на стартот на второто полувреме, зголеми на комотни 2-0.
Србија се врати во игра по голот на Раичевиќ и имаше целосна иницијатива во последните четири минути, но на 24 секунди до крајот по грешката на Коциќ, на празен гол,Даглас ги постави конечните 3-1.
Казахстан во полуфиналето ќе игра со подобриот од мечот меѓу Шпанија и Украина, а вечерва се игра и вториот четвртфинален дуел, меѓу домаќинот Словенија и Русија.