Казахстан го елиминира европскиот првак во футсал!

Во последниот четвртфинален натпревар на ЕП во футсал, кое се одржува во Белград (Србија), селекцијата на Казакстан направи најголемо изненадување, совладувајќи го европскиот шампион Италија со 5-2 (2-0). По поразот на Италија ќе се добие нов европски шампион.

Футсал репрезентацијата на Казакстан уште од самиот почеток покажа дека нема да бидат лесен плен за фаворитот Италија. Првиот гол за водство го постигна Лео во 16. минута, а во 19. минута по голот на Жаманкулов беше веќе 2-0, резултат со кој се замина на одмор. На почетокот на вториот дел неизвесноста ја врати Фортино кој намали на 2-1, за само по 30 секунди подоцна, со голот на Јесенаманов, повторно Казакстан да се одплепи на +2 (3-1). Во продолжение, Италија константно напаѓаше но Казакстан мудро се бранеше и преку контри се обидуваше да го зголеми водството. На 3-2 намали Канал во 37. минута, за само шест секунди подоцна Нургожин да зголеми на 4-2. Конечните 5-2 ги постави Лео во последните секунди погодувајќи ја празната мрежа.

Во полуфиналето на ЕП во Белград се среќаваат Србија против Русија, а Шпанија ќе игра против изненадувањето Казакстан. Хендикеп за Казактсан во полуфиналето ќе биде тоа што ќе треба да настапат без нивниот голман Игита, кој беше еден од најзаслужните за победата над Италија, но заработи акумулација на жолти картони.