Кавадарци доби футсал клуб, градот почна нова спортска приказна

Кавадарци како спортски град доби нов колектив, во името на КМФ Клими, футсал клуб кој стартува да се натпреварува во второлигашкиот шампионат.

Тимот е под покровителство на Ефтим Илиев, кој исто така работи и како тренер на екипата. КМФ Клими го имаше првиот натпревар викендов, кој мина во одлична спортска атмосфера. Домаќинот за жал не успеа да тргне со победа, но како млад клуб, даде голем отпор во дуелот со КМФ Форца (4-5).

Натреварите на КМФ Клими се играат во салата „Јасмин“, а искрено се надеваме дека овој спортски колектив ќе носи радости за Град Кавадарци, како што некогаш тоа го правеше кошарката или фудбалот, во име на Фени Индустри и Тиквеш.