Каират ја нокаутира Барса и закажа финале на домашен терен против Спортинг

Дебаклот на шпанските екипи во Лигата на шампионите во футсал беше комплетирано попладнево, откако и вториот полуфиналист од оваа земја не успеа да се квалификува во финалето.

Барселона загуби од Каират од Казахстан со 2-5 (0-0) во второто полуфиналет и домашната екипа утре во Алмати ќе се бори за европската круна против португалскиот Спортинг Лисабон.

Со головите на Тајеби и Тајнан на почетокот од второто полувреме екипата на Каират стигна до значајна предност која подоцна беше доволна за победа и финале. Џон Ленон, Гомес дос Сантос и Даглас Јуниор со голови во последните минути од натпреварот ја потврдија победата, а Лозано и Диего ги постигнаа почесниот гол за Каталонците. Со тоа комплетирана е одмаздата за поразите во полуфиналето во 2015 и 2017 година.

Финалето е закажано за утре во 17:30 часот.